Министерството за транспорт и врски по трет пат го пролонгира рокот за отпочнување на постапката за доставување барања за добивање концесии за изградба, реконструкција и наплата на патарина на дел од патната мрежа во земјава. Место 4 април, вчера Министерството јавно објави дека го пролонгира рокот за доставување понуди за доделување на концесии за патната мрежа долж транспортниот Коридор 8 за нови 30 дена, односно до 4 мај. Според информациите од Министерството за транспорт и врски, и ова ново одлагање е со цел да им излезе во пресрет на заинтересираните понудувачи навреме и квалитетно да ја комплетираат потребната документација за добивање на патна концесија во државава.
Министерството за транспорт и врски по трет пат го пролонгира рокот за отпочнување на постапката за доставување барања за добивање концесии за изградба, реконструкција и наплата на патарина на дел од патната мрежа во земјава.
Место 4 април, вчера Министерството јавно објави дека го пролонгира рокот за доставување понуди за доделување на концесии за патната мрежа долж транспортниот Коридор 8 за нови 30 дена, односно до 4 мај.
Според информациите од Министерството за транспорт и врски, и ова ново одлагање е со цел да им излезе во пресрет на заинтересираните понудувачи навреме и квалитетно да ја комплетираат потребната документација за добивање на патна концесија во државава.
-Пролонгирањето е по барање на заинтересирани компании кои сметаа дека им треба повеќе време за да ја комплетираат документацијата - вели Драган Симоновски, портпарол во Министерството за транспорт и врски.
Токму поради тоа, се врши измена и на документацијата за доставување барања за учество во првата фаза од постапката (претквалификација на кандидатите), а која може да се подигне во ресорното Министерство. Со тоа, заинтересираните компании, потенцијални патни концесионери во земјава, наместо 143 дена, колку што имаа досега, сега имаат вкупно 173 дена да се вклучат во овој мегапроект, тежок околу една милијарда евра.
Истовремено, тоа ќе повлече и продолжување и на рокот за доставување понуди во втората фаза на постапката за воведување на концесионерството во изградбата, реконструкцијата и наплатата на патарина на дел од патната мрежа во земјава, а ќе се пролонгира и рокот за спроведување на целокупната постапка за доделување на патните концесии, што досега се проценуваше на најмалку една година.
Министерството за транспорт и врски во средината на ноември 2009 година, објави јавен повик за прибирање понуди од заинтересирани компании или конзорциуми за давање под концесија на два пакета веќе изградени, но и нови патни правци по трасата на Коридор 8. И тоа, Источен, во должина од 177,5 километри и Западен со вкупно 196 километри. За источната концесија беа понудени патните правци: Крива Паланка-Романовце, Кочани-Штип, Миладиновци-Штип, Миладиновци-Скопје и обиколницата на Скопје, во вкупна вредност од 434 милиони евра, а за западната концесија: Стенковец-Блаце, Гостивар-Ќафасан, Требениште-Охрид, Струга-Подмолје и Гостивар-Тетово-Скопје, во вредност од 558 милиони евра.
Според јавниот повик идните концесионери ќе имаат обврска да ги (до)изградат и реконструираат предвидените патни правци за најмногу осум години, а потоа со нив да стопанисуваат 35 години, но и истовремено и да ги одржуваат и да наплатуваат патарина. На иницијалниот повик за пројавување интерес за овој голем инфраструктурен зафат, дури 48 странски и домашни компании првично пројавија интерес.